сабота, 30 ноември 2024

Со тројца советници МАЕИ влегува во Советот на општина Пустец

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашните избори од излезените околу 2.100 гласачи за листата на МАЕИ гласале 439 или 21,46  отсто.

Тоа значи дека партијата ќе има еден советник помалку споредено со изборите од 2019, односно четири помалку во однос на изборите во 2015 година, пренесува МИА.

Во општинскиот совет, кој брои 15 членови, останатите се од други пет политички субјекти, но сите се етнички Македонци.

Социјалистичка партија со освоени 659 гласа или 32,21 отсто има 5 советници, опозициската изборна коалиција “Заедно победуваме” со добиени 467 гласа или 22,83 отсто обезбеди 4 советници и по едно советничко место имаат Аграрна еколошка  партија, Социјалдемократска партија и Партијата за социјална демократија.

Пали Колефски, кој е кандидат на Социјалистичката партија поддржан од МАЕИ, е реизбран за градоначалник со освоени 1.374 гласови. На минатите избори тој освои 1.505 или 66,84 отсто од гласовите или 646 гласови повеќе од неговиот противкандидат Едмонд Темелко, кој на чело на општината беше три мандати.

На вчерашните избори вториот кандидат за градоначалник  Панди Јани од изборната коалиција “Заедно победуваме”  освоил 731 глас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ