вторник, 22 октомври 2024
До летниот распуст, а на барање на родителите

Со скратени часови да учат основците, предложи МОН

Основните училишта да продолжат да ја реализираат наставата со скратени наставни часови, но да се внимава да се запази суштината на наставната материја која се изучува, соопшти  Министертството за образование и наука во врска со  високите температури во земјава и обврската на основците до 17 јуни да следат настава од учебната 2023/2024 година.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштение до медиумите, МОН наведе и неколку препораки за заштита на учениците од топлото време – училниците и другите простории кои се користат во училиштето постојано да се проветруваат, учениците да се поттикнуваат и да им се овозможи да консумираат поголемо количество вода и за време на училишниот ден да не консумираат масна и храна што содржи поголемо количество шеќери.

„Овие препораки се дел од Општите препораки за заштита од топлотен бран на центрите за јавно здравје, а согласно Здраствениот акциски план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на граѓаните на Република Северна Македонија“, информираше Министерство за образование и наука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ