петок, 29 ноември 2024

Со претстава за машко-женските односи вечерва во Неготино започнува фестивалот ,,Бранко Ѓорчев 2023”

Објавено на

часот

Сподели

„Пред почетокот на претставата, официјално ќе биде отворено овогодишното издание на овој театарски фестивал, кој има натпреварувачки карактер и е единствен од ваков вид во земјата“, соопшти Стојанов.

Тој појасни дека претставата „Брачна комедија“ e комичен приказ на начинот на функционирањето и темите кои ја следат секоја брачна заедница.

„Брачна двојка излегува во новоотворениот ресторан да прослави седумнаесет години брачен живот. Преку дејствието дознаваме дека имаат шест деца, две нејзини деца од првиот брак, две негови деца од неговиот прв брак и нивните две деца од нивниот брак. За време на вечерата се отвораат теми за кои не е планирано да се разговара таа вечер, свекрва и снаа, деца, но и односот меѓу маж и жена во бракот и машко – женските односи и правата на жените и мажите, до желбата за развод“, сподели дел од содржината на претставата, градоначалникот Стојанов.

Режисер на претставата е Иван Томашевиќ, а костимографијата е на Селена Младеновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ