вторник, 22 октомври 2024

Со прелет на армиските хелихоптери денеска се одбележува денот на македонскиот ВИНГ

Објавено на

часот

Сподели

На свеченоста е најавено присуство на заменик-министерот за одбрана Тирон Јајага, заменикот на началникот на Генерал штабот (ГШ) на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, државниот секретар во Министерството за одбрана (МО), Владимир Анчев, армиски генерали, претставници од МО и ГШ, команданти на команди и единици на армијата и други високи гости.

Денот на единицата, како што соопшти МО, согласно програмата, ќе се одбележи со пригодни обраќања на началникот на Штабот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и командантот на вВИНГ, полковник Игорчо Стоименовски, по што ќе следува соопштување на стимулативни мерки за припадници на вВИНГ и прелет на воздухоплови од составот на единицата.

Воздухопловниот ВИНГ го прославува 10 јуни, како датум кога во 1992 година се случи првиот лет на воен екипаж од штотуку формираното македонско Воено воздухопловство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ