петок, 25 октомври 2024

Со ножеви нападнал полицајци во центарот на Љубљана, го совладале специјалци (ВИДЕО)

Во центарот на Љубљана полицајци на специјалната единица онеспособиле маж кој во рацете имал два ножа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според неофицијалните информации на сајтот 24ур, полицијата момчето се обидела да го онеспособи со електрошокер, но безуспешно.

На снимката се гледа маж како држи нож и има визир преку лицето и ранец на грбот.

Мажот со ножеви ги нападнал полицајците и ги туркал и им се заканувал. Него на крајот го онеспособиле полициски специјалци и бил одвезен со возило на брза помош.

Поради инцидентот бил отежнат патничкиот сообраќај во Љубљана, а неколку луѓе морале да останат во автобусите.. луѓето кои работеле во околните згради долго не можеле да ги напуштат работните места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ