четврток, 24 октомври 2024

Со или без Синохидро автопатот за Охрид ќе биде завршен, убедува министерот Бочварски

Автопатот од Кичево кон Охрид ќе биде завршен, уверува министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски кој вели дека извештајот кој се однесува на кинеската компанија Синохидро се изготвува и дека потоа ќе се знае дали оваа компанија ќе продолжи или не да работи на изградбата на оваа делница чија изградба многу години се одолжува.

Објавено на

часот

Сподели

Се работи на извештајот за автопатот Кичево-Охрид на кој работат експертите кои треба да дадат свое мислење дали ќе продолжи изградбата на овој автопат со кинеската фирма  или друга компанија ќе ги преземе градежните работи, рече Бочварски и додаде дека извештајот го очекува во текот на неделава.  

„Ќе побараме извештајот да биде разгледан на седница на Влада по што ќе се донесат соодветни одлуки. Уште еднаш ќе потенцирам – автопатот ќе биде завршен. Притоа мораме да ги запазиме сите процедури“, вели Бочварски.

Прашан колкави би биле финансиските пенали кои државата би ги платила во случај на раскинување на договорот со Синохидро, Бочварски вели дека уште не може да се зборува за раскинување на договорот и не може да се зборува за идните чекори додека тој извештај не биде разгледан и притоа не биде донесена одлука од страна на Владата.

Што се однесува за решавањето на проблемите и  свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид, Бочварски вели дека на автопатот се работи таму каде што има фронт за работа.

„Тоа беше пораката и од страна на Владата и од мене и од ЈПДП до изведувачите дека тие имаат обврска да работат на секоја позиција каде што е отворен фронт за работа. Но, онаму каде што се јавиле потешкотии, свлечишта, одредени потешкотии во однос на проектната документација и техничките решенија, таму секако треба да се репроектира, да се дадат нови технички решенија и притоа да се даде налог за работа на изведувачите“, изјави Бочварски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ