петок, 25 октомври 2024

Со голф возел 100 км на час повеќе од дозволената брзина, го стигна полициски пресретнувач

МВР информира дека еден возач ќе се соочи со строги законски санкции бидејќи со радар е регисриран како вози со 146 километри на час крај населено место каде максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска во 10.15 часот на регионалниот пат Куманово – Скопје, во близина на селото Умин Дол, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата запреле патничко возило марка фолксваген голф со кумановски регистарски ознаки, управувано од Л.Р. од општина Липково.

Во наведеното време со специјално возило – пресретнувач на Министерството за внатрешни работи било констатирано дека лицето го управува возилото со 146 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.

Против лицето е поднесен прекршочен платен налог и ќе се соочи со предвидената законска санкција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ