„Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот’. На кој било видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот“, соопштија од Кинотеката.
Сработените трудови треба да бидат испратени на [email protected] или директно на адреса ул. Никола Русински број 1.
Од Кинотеката информираат дека селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро.