сабота, 19 октомври 2024

Сними краток филм инспириран од „Пред дождот“ – конкурс на Кинотека „После дождот“

Кинотека го објави конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“, наменет за сите млади филмаџии, музичари, графичари, ликовни уметници.

Објавено на

часот

Сподели

„Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот ‘Пред дождот’. На кој било видео формат. Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот“, соопштија од Кинотеката.

Сработените трудови треба да бидат испратени на [email protected] или директно на адреса ул. Никола Русински број 1.

Од Кинотеката информираат дека селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика, а наградите ќе бидат објавени наскоро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ