вторник, 22 октомври 2024

Смрдеата од охридската депонија Буково се шири до Ресен

Објавено на

часот

Сподели

Од Центарот за јавно здравје во Охрид издадоа апел за граѓаните и туристите, да внимаваат и ако почуствуваат мирис на чад во утринските часови и навечер, да ги затворат прозорците, да останат во своите домови и да избегнуваат директно вдишување.

„Решавањето на овој проблем оди преспоро, изградбата на регионалната депонија во Новаци треба да почне дури во 2024, а кога ќе заврши кој знае. До тогаш Буково ќе гори и сите места во околината ќе се трујат во најдиректна смисла на овој збор“, велат од O2 иницијатива.

На оваа депонија се исфрла комуналниот отпад од Охрид, Буково редовно се пали за време на туристичката сезона, надлежните не можат да го запрат чадењето, а туристите се жалат дека во градот неподносливо смрди.

б

Во вечерните и утринските часови веќе никој во Охрид и не отвора прозорци, а и излегувањето е строго условено од мирисот на чад. Опожарената комунална депонија Буково е на петнаесетина километри од Охрид.

Депонијата гори веќе две недели, а во гаснење освен вработените од комуналното претпријатие, учествуваат и пожарникари од Охрид и Ресен. Депонијата се покрива и со земја. Од општината ветуваат дека најдоцна за ден-два ќе ја снема непријатната миризба и чад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ