вторник, 22 октомври 2024
Изјава на постојаната претставничка на САД во НАТО, Џулијан Смит.

Смит: На Самитот на НАТО ќе ѝ се заблагодарам на Северна Македонија

Сакам да ѝ се заблагодарам на Северна Македонија, која е земја што донесе навистина тешки одлуки за да го достигне прагот од два проценти од БДП за одбраната. Северна Македонија е сега над прагот, над два процента и ги поздравуваме тие напори и сите земји што го направија тоа“, изјави постојаната претставничка на САД во НАТО, Џулијан Смит.

Објавено на

часот

Сподели

„Самитот на НАТО во јули во Вашингтон, прво и основно, ќе биде славење на 75 години работа како трансатлантски партнери преку Атлантикот, но ќе се дискутира и на повеќе различни теми и сакаме да поминеме одредено време во разговор за споделување на товарот и фактот дека многу земји напорно работеа во последната деценија во зголемувањето на трошоците за одбрана“, вели Смит во интервју за МИА.

Таа најави дека веројатно следната седмица НАТО ќе објави нов извештај за споделување на товарот, кој ќе покаже дека околу две третини од членките на Алијансата сега трошат над два проценти од БДП за одбрана, што според неа, е важно бидејќи значи дека сојузниците можат да ги исполнат своите обврски.

„На самитот ќе зборуваме и за Украина. Очекуваме (украинскиот) претседател Зеленски лично да ни се приклучи, а Алијансата ќе најави дополнителни форми на помош за Украина, политичка поддршка, односно веќе сте слушнале како зборуваме за мост кон членство. Градиме мост кон членство за Украина“, вели Смит и нагласува дека САД сметаат оти најголем дел од земјите членки на НАТО прават се што можат за да и помогнат и наоѓаат начини да ја поддржат Украина, некои преку обезбедување хуманитарна и економска помош, други преку безбедносна поддршка, а голем број ги даваат сите три видови на поддршка.

„Да започнам со тоа што ќе се заблагодарам на Северна Македонија за нејзиниот значителен придонес за украинските сили. Овој придонес е од клучно значење и поздравуваме сè што направи Северна Македонија и продолжува да прави за народот во Украина“, вели Смит.

Таа потенцира дека Алијансата во последните месеци разгледуваше двете официјални кандидатури за нов генерален секретар и тоа на на холандскиот премиер во заминување Марк Руте и на романскиот претседател Клаус Јоханис.

„Сите 32 земји треба да се согласат околу следниот генерален секретар. Се уште не сме стигнале до тој момент, но сме многу близу и верувам дека во следните недели ќе дојдеме до точката кога сите 32 земји членки ќе се согласат околу следниот генерален секретар“, потенцира Смит.

Американската амбасадорка најави и дека на Самитот ќе бидат промовирани „голем број нови политики“ поврзани со кибер безбедноста, која во 2016 година Алијансата ја означи како нов домен, што значи дека одредбата од Членот 5 од Договорот од Вашингтон за основање на НАТО, кој предвидува дека напад врз еден членка ќе се смета за напад врз сите членки и ќе бидат преземи сите неопходни активности за да му помогне на нападнатиот сојузник, во иднина ќе може да се примени и за некој вид кибер напад.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ