вторник, 22 октомври 2024

Словенија му се спротивстави на Западот, продолжува да ја финансира агенцијата на ОН за Палестинците

Словенија се придружи на повикот на генералниот секретар на Обединетите нации за продолжување на финансирањето на агенцијата на ОН за палестинските бегалци (УНРВА) и покрај обвинувањата за учествување на некои нејзини вработени во напад на Израел, објави денес словенечкото министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Словенија одлучи да продолжи да ги поддржува финансирањето на агенцијата на ОН и покрај обвинувањата на Израел дека некои нејзини вработени учествувале во упадот на 7 октомври бидејќи прекинот на финансирањето на УНРВА би ја загрозила работата на агенцијата, а со тоа и животите на Палестинците во Газа и на целиот Блиски Исток“, истакна словенечкото министерство.

Министерството истакна дека УНРВА е една од најважните организации за заштита и пружање хуманитарна помош за милиони Палестинци, поради што Словенија минатата година ѝ доделила 1,2 милиони евра, најмногу досега. Словенија нема договор за финансирање на УНРВА, а владата во од одлучува за придонесите на оваа агенција на ОН.

УНРВА во петокот соопшти дека отпуштила неколку члена на персоналот и отворила истрага по обвинувањата на Израел дека учествувале во нападот на Хамас на таа земја. Како резултат на овие обвинувања, САД први го прекинаа финансирањето на агенцијата, а потоа и други земји, вклучувајќи ги Британија, Италија, Германија, Франција и Австрија.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш потврди дека обвинувањата, кои ги истражуваат и Обединетите нации, се однесуваат на 12 луѓе. Девет се отпуштени, еден е мтров, а идентитетот на уште двајца се утврдува. Тој ги повика земјите кои го прекинаа финансирањето барем да обезбедат продолжување на операциите на УНРВА. Тој увери дека одговорните ќе одговараат за своите постапки.

Оваа агенција на ОН е формирана во 1949 и пружа хуманитарна помош, образование, социјални услуги и здравство за 5,9 милиони палестински бегалци во Појасот Газа, на Западниот брег, во Јордан, Либан и Сирија. УНРВА е една од најголемите агенции на ОН. Има повеќе од 30.000 вработени, вклучувајќи 13.000 само во Газа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ