сабота, 19 октомври 2024

Словенија бара санкции за израелските доселеници на Западниот брег

Словенија се залага за воведување санкции на израелските доселеници на Западниот брег, изјави шефицата на словенечката дипломатија Тања Фајон пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската Унија во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Фајон на новинарите им кажа дека, имајќи ја предвид ескалацијата на насилствата на Западниот брег, Словенија се залага за воведување забрана за издавање визи за влез во ЕУ на израелските доселеници кои живеат на таа територија.

„Воспоставувањето трајно примирје меѓу завојуваните страни во Газа е клучно за спречување геноцид, егзодус и етничко чистење“, додаде таа.

Фајон оцени дека е потребно да се разговара и за дополнителни санкции против екстремистичкото палестинско движење Хамас.

Словенечката министерка по повод противењето на унгарскиот премиер Виктор Орбан Украина да отвори пристапни преговори со ЕУ кажа дека е неопходно политички да се размислува во однос на геополитичката ситуација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ