сабота, 19 октомври 2024
Истражување на кредитната компанија Нортон фајнанс

Скопје е најевтината престолнина во Европа за работа од далечина

Според британската кредитна агенција Нортон фајнанс, Скопје е најевтиниот европски главен град за таканаречените „дигитални преселници“, луѓе кои работат од далечина. Македонската престолнина е опишана како туристичка дестинација што вреди да се посети пред сѐ поради неговите археолошки локалитети и уличната храна.

Објавено на

часот

Сподели

Пандемијата имаше трајно влијание врз начинот на којшто луѓето работат и патуваат, што е најочигледно во тоа колку работа се врши на интернет денес од дома, па можноста тоа да се прави од странство стана животен стил за многумина. Животот на дигиталните преселници во голема мера зависи од секторот каде работат, платата и флексибилноста на работното место и дали и колку тоа дозволува патувања, пишува Нортон фајнанс.

Списокот земји што нудат визи за престој се зголемува, но секоја од нив има различни барања. Анализирајќи различни услови, Нортон фајнанс спроведе истражување за најевтините европски главни градови за живот на „дигиталните преселници“.

Јавниот превоз, исто така, е една од причините зошто Скопје е така погодно за удобен живот, бидејќи месечниот билет за превоз во градот, на пример е осум пати поевтин од оној во Лондон.

Втор на листата е Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, а трет е Кишињев, во Молдавија. Следат Софија, Бугарија; Букурешт, Романија; Белград, Србија; Будимпешта, Унгарија; Варшава, Полска; Вилнус, Литванија и Рига во Латвија.

Стручњаците на компанијата ги процениле и рангирале земјите врз основа на просечните трошоци за домување, наем, комунални услуги, превоз, храна, вежбалници, интернет, како и трошоците за повратни летови од Велика Британија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ