вторник, 22 октомври 2024

Скопјанка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил повреден во градинка

Вчера во 15 часот во полициската станица Карпош, Љ.М.(34) од Скопје пријавила дека на 12 јуни 2024 откако нејзиниот сопруг го земал нивниот малолетен син од градинка забележале дека има гребаница на лицето.

Фото: Илустрација

Објавено на

часот

Сподели

„Според пријавеното, тие подоцна разговарале со негувателката и директорката на градинката, при што негувателката појаснила дека за време на појадокот нивниот син не сакал да јаде, при што таа го стиснала на образот за да јаде и дека е можно тогаш да го изгребала. Се работи на расчистување на случајот“, информираше МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ