сабота, 19 октомври 2024
Реакција на СДСМ

Скопјани не ги интересира дека Арсовска и Ѓорѓиевски се караат, граѓаните чекаат резултати

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што Скопје е претворено во огромна депонија и што се дави во ѓубре одговорноста е кај сите градоначалници на ДПМНЕ коишто не работат ништо. Кавгите помеѓу градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката Арсовска која со поддршка на ДПМНЕ е на позицијата, не ги интересираат скопјани. Што имаат граѓаните од тоа што Ѓорѓиевски се каел за поддршката на Арсовска? Граѓаните на Скопје очекуваат работа и резултати кои никаде ги нема. Орце Ѓорѓиевски и Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје. Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со Орце Ѓорѓиевски го вратија Скопје назад за 60 години.“, се вели во реакцијата на СДСМ. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ