понеделник, 21 октомври 2024

Скопјанец пријавил дека соученици го присилувале син му да прави фотографии со експлицитна содржина

Вчера попладне во полициската станица Бит Пазар, 37 годишен жител на Скопје пријавил дека во текот на јуни 2024 година, неговиот син од страна на малолетници од основното училиште во кое учел, бил ставен во група на социјална мрежа со негово име, слики и видеа со експлицитна содржина.

Објавено на

часот

Сподели

„Според пријавеното, малолетниците со закани го присилувале неговиот син да ги прави фотографиите и видеата, кои потоа ги објавувале во групата. Како што е пријавено, истите лица злоупотребиле и фотографија од пријавителот и неговата сопруга и без согласност ја објавиле на социјалната мрежа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ