четврток, 28 ноември 2024

Сити и Интер одиграа без голови, ПСЖ во 90. минута ја победи Жирона (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Интер одиграа рамноправен натпревар на кој немаше погодоци, ПСЖ со гол на Мендеш во 90. минута ја совлада Жирона со 1-0, Бојан Миовски мечот го следеше од клупата за резерви.

Објавено на

часот

Сподели

Тимот на Пеп Гвардиола го имаше поседот на топката, повеќе се играше на половината на Интер кој најчесто напаѓаше од контра напади.

Двете екипи имаа свои шанси за гол, но никој не го најде патот до мрежата на противникот, мечот заврши 0-0.

Малку фалеше така да биде и во Париз каде играа ПСЖ и Жирона, но благодарение на Мендеш кој даде гол во 90. минута, францускиот тим дојде до победа.

Нашиот Бојан Миовски шансата за деби во Лигата на шампионите ќе ја чека на друг натпревар, денеска не влезе во игра.

Најефикасно беше во Глазгов каде Селтик со 5-1 ја совлада екипата на Слован Братислава.

Скеклс, Фурухаши, Иглс, Маеда и Идах погодија за Селтик ,единствениот гол за Слован беше дело на Вимер.

Гостинска победа оствари Борусија Дортмунд која со 3-0 го совлада Клуб Бриж. Биное Гитенс даде два гола, во судиското продолжение погоди Гираси од пенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ