понеделник, 21 октомври 2024

Сирија ја прекина 11-годишната дипломатска изолација во Арапската лига

Објавено на

часот

Сподели

Добредојде на сириските функционери во Џеда им упати саудискиот министер за финансии Мохамед ал Џадан на состанокот кој директно го пренесуваше саудиската телевизија Ал ехбарија.

 

Ова е првпат сириски функционери да учествуваат на состанок на Арапската лига од ноември 2011 година.

Тогаш панарапската организација го суспендираше режимот на претседателот Башар ал Асад поради насилната репресија на демонстрациите кои прераснаа во конфликт и граѓанска војна со 500.000 мртви и повеќе милиони раселени и избегани.

Арапската лига на 7 мај ја укина суспензијата на Сирија, а саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман го покани сирискиот претседател на 10 мај да учествува годишниот самит кој ќе се одржи во петок во Џеда.

Тоа ќе биде прво учество на Асад од 2010 година, кога самитот беше во Либија.

Земјите од регионот постепено се приближуваат кон Асад кој ја задржа власта и ја врати изгубената територија со клучна поддршка од Иран и Русија, додека големи области од северна Сирија и понатаму се надвор од контрола на неговата влада.

Во април дипломати од девет арапски земји во Саудиска Арабија разговараа за сириската криза, а пет министри за надворешни работи од регионот, вклучувајќи го сирискиот, се сретнаа на почетокот на мај во Јордан.

Обединетите Арапски Емирати кои повторно воспоставија врски со Сирија во 2018 година, беа многу активни во реинтеграцијата на Дамаск во Арапската лига.

Дипломатските активности значително продолжија по земјотресите кои ги погодија Сирија и Турција на 6 февруари.

Ријад, кој ги прекина врските со сириската влада во 2012 година, потврди минатата недела дека ќе продолжи работата во саудиската дипломатска мисија во Сирија и на сириската во Саудиска Арабија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ