вторник, 22 октомври 2024

Сириец избодел деца во Франција, тие се во критична состојба. За време на нападот го извикувал името на Исус

Објавено на

часот

Сподели

Избодените деца се на возраст од 22 месеци до три години, соопшти полицијата. На социјалните мрежи се појави страшна снимка од нападот, на која се гледа како вознемирен напаѓач со нож во рака бара и прободува деца на детско игралиште, а се гледа и како прободува дете во количка.

Го повикувал името на Исус за време на нападот, а во барањето за статус на бегалец тврди дека е сириски христијанин.

Напаѓачот, како што потврдуваат од полицијата, е 32-годишен барател на азил од Сирија. Француските власти наведуваат дека зад нападот нема терористички мотиви.

Француската полиција соопшти дека напаѓачот има статус на бегалец во Шведска и неодамна пристигнал во Франција. Зад себе ги оставил сопругата и тригодишната ќерка во Шведска.

Француските власти предводени од премиерката Елизабет Борн одржаа прес-конференција во Анеси. Борн рече дека целата заедница Анеси била потресена од нападот.

Таа додаде дека цела Франција цврсто стои со жртвите на нападот, а потоа зборот му го предаде на обвинителката кој ја води истрагата. Обвинителката рече дека напаѓачот е уапсен и дека „нема терористички мотиви за нападот“. Таа додаде дека е покрената кривична истрага.

Таа рече дека се повредени четири деца и двајца возрасни, а дел од повредените се на интензивна нега. Само една од жртвите е полесно повредена, додека ранетите деца се „во тешка состојба“.

Кога полицијата пристигнала на местото на нападот, осомничениот со себе имал нож. Внатрешната контрола ќе утврдува дали полицајците оправдано користеле огнено оружје, рече обвинителот. Мотивот на напаѓачот сѐ уште не е познат, рече таа.

Зборот повторно го зеде премиерката Елизабет Борн, која презентираше повеќе детали за напаѓачот. Таа потврди дека се работи за сириски државјанин кој има статус на бегалец во Шведска. Тој исто така поднел барање за азил во Франција, но било одбиено поради претходно шведско барање старо 10 години.

Борн додаде дека напаѓачот немал криминално досие и не бил лекуван од психички проблеми. Премиерката тврди дека напаѓачот е татко на едно дете, кое е „старо колку децата што ги нападнал“.

Премиерката нагласи дека малите деца се „сериозно повредени“ и додаде: „Сите сме неописливо шокирани од ова“. Потоа се наврати на напаѓачот и неговиот статус на бегалец во Шведска. Таа наведе дека статусот му бил доделен пред 10 години и сега се проверува.

„Уште еднаш сакам да истакнам колку сме шокирани“, изјави Борн.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ