сабота, 19 октомври 2024

Синот на Бајден одбива да сведочи пред одбор на парламентот зад затворени врати

Синот на американскиот претседател Џо Бајден, Хантер Бајден, го одбил барањето на републиканците во Конгресот да сведочи зад затворени врати за своите деловни аранжмани, кревајќи ги тензиите кај пратениците кои во среда планираат да гласаат за формализирање на истрагата за отповикување на неговиот татко.

Објавено на

часот

Сподели

На конференција за новинарите, Хантер Бајден кажа дека истрагата нема никаква основа и дека нема да одговори на судското барање на Комисијата за контрола и надзор на Претставничкиот дом да сведочи зад затворени врати.

Републиканскиот пратеник Дарел Иса кажа дека очекува одборот да го обвини Бајден за непочитување на Конгресот, ако не се појави.

Републиканците во Претставничкиот дом не се откажуваат од истрагата, тврдејќи дека Бајден и неговото семејство непрописно имале корист од одлуките кои ги носел постариот Бајден додека бил потпретседател на САД од 2009 до 2017.

Најновата истрага е фокусирана на деловните аранжмани на помладиот Бајден. Досега не успеаја да покажат докази за незаконски дејства на претседателот Џо Бајден.

„Нема докази со кои би се поткрепило тврдењето дека мојот татко финансиски бил вклучен во моите работи бидејќи тоа не се случило“, кажа 53-годишниот Хантер Бајден.

Хантер е соочен со нови кривични пријави поради неплаќање на најмалку 1,4 милиони долари данок, во време кога трошен милиони на раскошен живот.

Министерството за правосудство соопшти дека истрагата е во тек, а ако биде прогласен за виновен по обвиненијата, му се закануваат до 17 години затвор.

Обвинет е дека од 2016 до 2019 не платил најмалку 1,4 милиони долари сојузни даноци, додека од друга страна трошел милиони на екстравагантен животен стил.

Хантер Бајден е честа тема во медиумите поради својата зависност и недоличното однесување како брзо возење или разголени фотографии на кои консумира дрога, а во фокусот беше и неговиот ангажман во украинската енергетска компанија Бурисма во времето кога неговиот татко беше потпретседател на САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ