Синер имаше турнир од соништата, откако одигра брилијантен меч против Новак Ѓоковиќ во полуфиналето, во денешното финале го совлада Данил Медведев иако губеше со 2-0 во сетови.
Медведев загуби на начинот на кој го доби полуфиналето со Зверев, тогаш тој беше оној кој се враќање од два сета негатива, сега тој ја загуби предноста која ја имаше.
Рускиот тенисер почна одлично, ги доби првите два сета со по идентични 6-3 и 6-3 и поведе со 2-0 во сетови.
Тогаш се разбуди Синер, заигра многу подобро и ги доби наредните три сета со 6-4, 6-4 и 6-3.
Јаник Синер стана првиот Италијанец кој го освоил Австралија опен и прв тенисер од Италија кој освоил грен-слем турнир од 1976 година.