среда, 24 јули 2024

Синдикалната кошничка стана 60.325 денари, за еден месец износот се зголеми за 235 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.  Вредноста на синдикалната кошничка за јуни во однос на јануари, кога изнесуваше 57.163  денари, зголемена е за 3.162  денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалаци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари.  За образование  со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022  денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење  6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти),  лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари,  здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1100 денари (1,8 проценти).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ