Спорд информациите од МВР, тој во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар.
Мажот се гони за загрозување на сигурноста, две кривични дела предизвикување општа опасност и две кривични дела неизвршување на судска одлука.