вторник, 22 октомври 2024

Син ја запалил куќата на родителите по добиена забрана да им се доближи

Дваесет и седумгодишниот М.А. од Неготино доби кривична пријава од полицијата, откако предизвика пожар во домот на неговите родители и покрај судската забрана да се приближи таму.

Објавено на

часот

Сподели

Спорд информациите од МВР, тој во повеќе наврати упатил закани на неговите родители, а по изречена мерка забрана да се приближува на растојание на 100 метри до домот од Основен суд Неготино, во два наврати ја прекршил, а кога отишол во нивниот дом предизвикал пожар.

Мажот се гони за загрозување на сигурноста, две кривични дела предизвикување општа опасност и две кривични дела неизвршување на судска одлука.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ