сабота, 19 октомври 2024
Хрватска

Силно се шири пожарот кај Дубровник, експлодираат мини: „Ситуацијата не е добра“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Нови проблеми има на пожарното место во Жупа Дубровачка. Се уште е неизвесна ситуацијата околу пожарот кој гори од синоќа. Овој пожар утрово го гаснеле три канадери, а во попладневните часови ветерот го разгорел огнот.

Орканскиот југо предизвика големо ширење на пожарите на отворен простор, а според последните информации на терен се 130 пожарникари, пренесува Индекс.

Пожарот во Жупа Дубровачка предизвика дополнителни потешкотии. На ридот над Петрача детонираат остатоци од мини од Татковинската војна, јавува дулист.

„Состојбата на теренот не е добра. По синоќешната борба и сите добри работи што ги направивме, силниот ветер во текот на денот и екстремно силниот ветар во попладневните часови повторно разгореа сè. Повторно имаме пожар, можеби потежок и понапорен. Во моментов тој не им се заканува на куќите, но многу е сигурно дека тоа ќе се случи“, рече Стјепан Симовиќ, командирот на пожарникарите на Дубровничко-неретванската жупанија.

Пожарот веќе преминал во БиХ, па повторно се вратил, Симовиќ лично ја преминал границата за да ја провери состојбата.

„Пожарот помина, па се врати, многу се прошири. Доаѓаат дополнителни противпожарни бригади, повикавме дополнителни цистерни, доаѓаат луѓе од целата жупанија. Треба да поставиме одбрана на куќите“, рече командирот.

Жупа Дубровачка е туристичко место, има многу станбени згради, мала општина, но има многу луѓе, рече Симовиќ и додаде дека се во контакт и со капетанот на канадерите, кој во моментов не може да гасат поради силниот ветер.

„Невозможно е да летаат, тука се со нас и им е жал, но не можат да помогнат поради силниот ветер и силните турбуленции“, изјави Симовиќ.

Попладнево избувна пожар во Сегет кај Трогир. На терен има 3 противпожарни компании – Трогир, Каштела и Сплит. Силниот ветер никако не помага во гаснењето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ