вторник, 22 октомври 2024

Сиљановска Давкова разговарала со германскиот претседател и со генералната секретарка на Советот на Европа

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова синоќа остварила кус разговор со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер, за време на приемот на учесниците на Конференцијата за обнова на Украина што се одржа во Берлин. Таа имаше и уште неколку среддби на маргините на конференцијата.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата претседатели остварија куса средба, на која разменија мислења за пост-изборниот период во земјата и формирањето на новата влада и очекувањата за спроведување на реформите на македонскиот пат кон Европската Унија“, се вели во кусото соопштение за разговорот со германскиот претседател.

На маргините на конференцијата претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова остварила средба со генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

„На средбата беше разговарно за плодната соработка со Советот на Европа во клучните реформски процеси во земјава, за високата заемна посветеност, како и за проектите кои преку програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје, успешно се реализираат во различни области, а во насока на остварувањето на македонските аспирации за членство во Европската Унија.

Претседателката Сиљановска Давкова, осврнувајќи се на демократскиот капацитет на нашите институции, ги нагласи заложбите за унапредувањето на човековите права и владеењето на правото, како едни од базичните предуслови за напредокот на македонското општество.

На средбата беше истакната важноста на темата родова еднаквост и спроведувањето на Истанбулската Конвенција“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.

Сиљановска Давкова имала средба и со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.

„На средбата беше разговарано за исклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба. Двете соговорнички ја потенцираа заложбата во промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова, изрази задоволство од успешноста на спроведените политики на ЕБОР во земјава“, велат од кабинетот на претседателката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ