вторник, 22 октомври 2024

Сиљановска Давкова разговарала со амбасадорот на Виетнам за развој на економските врски

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска го примила амбасадорот на Социјалистичка Република Виетнам, До Хоанг Лонг, а главната тема била преземање на конкретни економски активности меѓу двете држави.

Објавено на

часот

Сподели

„На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји кои ги поврзува долгогодишно пријателство и беше изразен поттик за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка во повеќе области.

Соговорниците како една од приоритетните сфери на билатералната соработка ја посочија економијата и изразија интерес за нејзино унапредување преку преземање на конкретни економски активности и проекти, како што се формирање на мешовита економска комисија, организирање економски семинар во Скопје од страна на амбасадата на Виетнам во насока на промоција на трговијата и инвестициите меѓу двете држави.

На средбата се разговараше и за проширување на билатералната соработка и во областите на културата, туризмот, во образованието и науката, преку размена на студенти и визитинг професори, како и за проширување на договорната рамка во сферата на образованието и науката, како и во соработката меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.

Двајцата соговорници констатираа дека постои добра соработка на мултилатерален план и изразија очекување таа соработка и меѓусебна поддршка во меѓународните организации да продолжи, особено во рамките на ОН и во Меѓународната организација на Франкофонијата“, се вели во соопштението од кабинетот на претседателката на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ