недела, 20 октомври 2024

Силјановска Давкова не вели не, ама допрва ќе одлучува дали втор пат ќе се кандидира за претседателка

Не можам со сигурност да кажам, вели пратеничката Гордана Силјановска-Давкова, во одговор на прашањето дали повторно ќе биде кандидатка за претседател на државата на претстојните избори.

Објавено на

часот

Сподели

Во емисијата „360 степени“ на МРТ1 таа посочи дека размислува за ова прашање и оти има многу дилеми. Решавачки за неа ќе бидат разговорот со семејството, нејзината лична промисла, како и анализата на нејзината улога како пратеничка во Собранието.

„Не велам – не, бидејќи ќе биде неодговорно потоа да ме потсетувате дека сум рекла не. Ама не сум сигурна“, вели Силјановска-Давкова. 

Таа  наведе и дека со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не разговарале на оваа тема, дека меѓу нив двајца има взаемен респект и дека таа никогаш не разговара за нешта во кои треба нешто да иницира или понуди, велејќи дека не сака да врши притисок или да влијае на некои настани.

Според неа, да се одржуваат два изборни циклуса кога разликата е шест месеци од еден до друг, не само што е скапа работа, туку е и непотребна.

Смета дека одделни избори би било „непотребно фрлање пари“, а укажува и на ставот на Венецијанската комисија за неодржливост на изборниот праг во вториот круг од претседателските избори, каде што се бара 40 отсто излезеност за изборите да успеат.

Претходно и универзитетскиот професор и поранешен пратеник Александар Спасеновски не сакаше ниту да ја потврди ниту да ја демантира информацијата дека е еден од можните кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата.

„Мислам дека е рано за каков било одговор. Дали би прифатил? Во оваа фаза не би можел да дадам изјава – рече Спасеновски на ТВ 21.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ