четврток, 13 март 2025

Сиљановска-Давкова на Глобалниот форум во Баку: Обединетите Нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни

Траен мир во чии рамки новооткриените сили на науката и технологијата на човекот можат да се користат за да се подигне благосостојбата на човештвото до невидени височини е врвен заеднички интерес, за чие постигнување и одржување треба да понудиме свежи перспективи, порача денеска претседателката Гордана Сиљановска Давкова на отворањето на 12-от Глобален форум во Баку.

Објавено на

часот

Сподели

Сиљановска-Давкова оцени дека Глобалниот форум во Баку изминативе години прерасна во една од најважните меѓународни платформи и ги адресира најважните регионални и глобални прашања. Ова, нагласи претседателката, е особено важно во оваа 2025 година, за која некои очекуваат да биде пресвртна.

„Од ден на ден имаме сѐ повеќе прашања, а сѐ помалку одговори. Светот станува многу поразлично место. Мултилатерализмот отстапува пред мултиполаризацијата. Растечкото геополитичко ривалство го ослабнува системот за колективна безбедност. Обединетите Нации се маргинализирани тогаш кога ни се најпотребни. Консензусот по Втората светска војна се доведува во прашање. Како да живееме на почетокот на една нова ера во која се поткопува меѓународниот систем втемелен на правила“, рече Сиљановска Давкова.

Потсети на неодамнешната изјава на германскиот претседател Штајнмаер на Минхенската безбедносна конференција дека „отсуството на правила не смее да стане водечки принцип во новиот светски поредок“, бидејќи тоа би значело напуштање на нашето најважно цивилизациско достигнување поставено пред 80 години во Повелбата на Обединетите нации.

Прашањето, рече претседателката, не е дали ќе имаме правила или не, туку какви ќе бидат тие правила и врз што ќе се темелат? Дали врз принципот ‘pacta sunt servanda’ (договорите треба да се спроведуват) или принципот на моќта? Дали освен судир на интереси, ние имаме и судир на вредности и реалности? Дали можеме да ги разрешиме најголемите кризи и предизвици на нашето време без споделени правила? Каков свет ќе им оставиме на младите и на идните генерации? Ова е само дел од прашањата коишто ќе ги разгледуваме на годинашниов Глобален форум во Баку“, кажа Сиљановска Давкова.

Таа цитираше дел од обраќањето на поранешниот државен секретар на САД, Кордел Хал, при врачувањето на Нобеловата награда за мир за неговата улога во основањето на ОН во кое тој потсетил дека клучното прашање за луѓето и за нациите е „дали тие доволно страдале и доволно научиле, за да ги отфрлат сомнежот, предрасудите и краткорочните и тесните интереси и да се обединат во унапредување на нивниот најголем заеднички интерес“.

„Тој огромен и засенувачки заеднички интерес е траен мир во чии рамки новооткриените сили на науката и технологијата на човекот можат да се користат за да се подигне благосостојбата на човештвото до невидени височини. Верувам дека Глобалниот форум во Баку може да ни понуди свежи перспективи за тоа како да продолжиме да работиме во насока на постигнување и зачувување на тој врвен заеднички интерес“, рече Сиљановска-Давкова.

Таа попладне ќе се обрати на третиот форумски панел, посветен на Пактот на иднината на Обединетите Нации. На форумот ќе се дебатира и на панели на темите: „Геополитички промени: Одговорни партнерства наспроти ривалство“ и „Реосмислување на мултилатеризмот за мултиполарен свет“. Меѓу учесниците е и поранешниот македонски претседател Ѓорге Иванов.

Форумот го отвори азербејџанскиот претседател Илхан Алијев кој оцени дека овој настан станува значајна меѓународна платформа на глобалната агенда.

„Сигурен сум дека форумот и учесниците ќе донесат нови идеи и предлози, особено што форумот се случува по драматичните геополитички промени“, рече Алијев.

Тој порача дека фокусот на нивната агенда е на обновливите извори на енергија за што ќе го зајакнат производство.

„Ќе го удвоиме нашиот потенцијал, што ќе ни овозможи да бидеме извозник не само на нафта и гас, туку и на зелена енергија. Овие цели се реални и засновани на потпишани договори и ќе се имплементираат“, рече Алијев посочувајќи дека Азербејџан обезбедува енергетска стабилност на многу држави, меѓу кои 12 европски држави и оти не е случајно што Европската комисија го нарекува доверлив партнер и снабдувач.

Тој, меѓу другото, се осврна и на резултатите од самитот КОП29 што се одржа во ноември лани и за најновите геоплотички случувања и релации.

На 12-от Глобален форум во Баку што се одржува во организација на Меѓународниот центар „Низами Ганџави“ присутни се околу 400 учесници – актуелни и поранешни шефови на држави и влади, претставници на меѓународ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ