вторник, 22 октомври 2024

Сиљановска Давкова и Герапетритис не разговарале за употребата на името Македонија

Темата околу употребата на уставното име не била отворена со грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис на денешниот Самит на земјите вклучени во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Скопје, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на заедничката прес-конференција со нејзините колеги од Црна Гора Јаков Милатовиќ и од Албанија Бајрам Бегај.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Не беше отворена темата. Седевме еден до друг. Многу сум задоволна што дојде. Оставивме простор бидејќи му доцнеше летот, да се обрати како последен. Пораките му беа регионално обоени, дека треба да си помагаме, да градиме владеење на правото, да го почитуваме меѓународното право, дека треба да продолжиме таму каде што имаше многу јасни определби на Солунскиот самит. Тоа беа разговорите. Мислам дека атмосферата беше пријатна, пријателска, беше и заменик министерката за надворешни работи, со која се познаваме. Милам дека луѓето од Балканот кога е потребно умееме да се разбереме. Многу сум задоволна особено поради целосно усогласената декаларација која беше усвоена“, рече Сиљановска Давкова.

Прашана дали очекува ако ја продолжи праксата со употребата на името Македонија, да дојде до блокада од Грција и повлекување на поддршката за приклучувањето во ЕУ, како и евентуално други последици, претседателката кажа дека „не мисли дека го крши Уставот, и оти неупотребувањето на уставното име може да предизвика проблеми“.

„Да потсетам, моите документи, тие што ги потпишувам, тие што ги поседувам, пасош, лична карта, сите документи кои излегуваат од кабинетот се со уставното име. Тоа е во рамки на меѓународното право и во рамките на Уставот. Точно е дека секоја изјава на луѓето од политиката, од оние кои се на функции се толкува како да е официјален чин, но секој од нас има, како јин јанг две лица, едно офцијално и едно друго. Јас како човек имам право, повторувам од Сократ до денеска, во рамки на слободата и мислата, слободното изразување на мислата, да се изразувам така како што тоа го правам и не мислам дека тоа е кршење ниту на Уставот ниту на меѓународното право“, истакна Сиљановска Давкова.

Ниту шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис во изјава за државната ЕРТ не спомена ништо во врска со употребата на името Македонија.

Патот кон Европа ќе треба да продолжи и Грција ќе биде меѓу оние земји кои ќе застанат до земјите од Западен Балкан, со почитување на демократијата и владеењето на правото и со надеж Европа да стане поширокото семејство на сите држави, истакна шефот на грчката дипломатија во изјава за државната телевизија ЕРТ по учеството на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за надворешни работи рече дека во Скопје ја пренел „пораката за мир, солидарност и пријателство до сите земји од Југоисточна Европа“, потсети дека Грција беше една од земјите „кои го забрзаа формирањето на Меѓубалканската конференција“, но и земја силен поддржувач на ЕУ перспективата на Западен Балкан преку Солунската агенда од 2003 година.

„Важно е да се гарантира европскиот тек на сите земји од Балканот и поширокиот регион во период на многу високи предизвици, со две војни во нашето пошироко соседство. Секако, и тоа е она што го нагласив на конференцијата, напредокот треба да се развива врз основа на конкретни предуслови, кои се формални и се однесуваат на почитување на демократијата, почитување на владеењето на правото, верно почитување на сите меѓународни договори и доследна усогласеност со сето она што е поврзано со Европската унија, меѓународното право, како и секако почитувањето на правата на малцинствата“, рече шефот на грчката дипломатија во изјавата за ЕРТ.

Пречки и блокади од Грција не очекува ниту петседателот на Албанија, Бајрам Бегај. Тој смета дека соседите кои веќе се членки на ЕУ треба да помогнат Албанија и Северна Македонија да станет дел од клубот, особено што и двете земји дадоа многу жртви да стант дел од европското семесјтво.

„Очекуваме билатералните прашања да не се пречка за земји и народи кои 30 години чекаат да стана дел од ЕУ. Ги почитуваме сите правила на клубот каде што сакаме да станеме членка. Целосно сме усогласени со надворешната политика на ЕУ. Се надевам дека сето ова ќе придонесе нашите земји, Албанија и Северна Македонија, кои дадоа многу жртви, да бидат дел од европското семсјтво“, истакна Бегај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ