четврток, 25 јули 2024
Габриела Јаковлева е назначена на негово место

Сиљановска Давкова го разреши директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска донесе одлука за именување на Габриела Јаковлева за директорка на Агенцијата за разузнавање и одлука за разрешување на досегашниот директор Еролд Муслиу.

Објавено на

часот

Сподели

Претседателката Сиљановска Давкова денеска ја разреши заменичката директорка во Агенцијата за разузнавање Александра Бакреска Додовска и ја именуваше Ивана Стојановска. Габриела Јаковлева и Ивана Стојановска се долгогодишни професионалци во Агенцијата за разузнавање.

Претседателката Сиљановска Давкова овие одлуки ги донесе согласно нејзините уставни и законски надлежности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ