вторник, 22 октомври 2024

Силен земјотрес во Грција од 5,2 степени според Рихтеровата скала

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција во поширокиот регион околу Атина, јавува ЕМСЦ.

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот се случил во 8 часот и 26 минути по локално време, на длабочина од 11 километри, 79 километри северозападно од Перистери и 12 километри југоисточно од Мантуди.

Засега нема извештаи за материјална штета.

Перистери е шестата по големина населба во Грција и најголемото предградие на главниот град Атина. Ѝ припаѓа на областа Западна Атина во периферијата на Атика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ