четврток, 25 јули 2024

Силен земјотрес ги погоди Филипините, издадено предупредување за цунами

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот бил на длабочина од 63 километри, а наскоро се очекува цунами да ги погоди Филипините и Јапонија, пренесува Ројтерс.

Географскиот институт на САД процени дека земјотресот бил со јачина од 7,6 степени и длабочина од 32 километри.

Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека брановите на цунами може да ги погодат Филипините и може да траат со часови.

Јапонската телевизија НХК соопшти дека брановите на цунами до еден метар се очекува да стигнат до западниот брег на Јапонија. Евакуациите се во тек.

Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала претходно денеска ја погоди и Индонезија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ