Невремето го погоди планинскиот и ретко населен округ Таитунг на источниот брег, според тајванската централна метеоролошка управа, со силни ветрови и обилни дождови кои го зафатија речиси целиот остров.
Супертајфунот Конг-реј малку ослабна во текот на ноќта, но остана силен како еквивалент на ураган од четврта категорија со удари над 250 км/ч, според Тропикал сторм риск.
🇹🇼 Taitung, Taiwán – 31 de octubre de 2024 pic.twitter.com/XJGHkKmflh
— ULTIMA HORA EN 𝕏 (@ultimahoraenx) October 31, 2024
Метеоролошката управа на Тајван соопшти дека тоа ќе биде најголемиот тајфун што го погодил островот од 1996 година.
„Се надевам дека сите во земјата ќе соработуваат за да се избегнат катастрофи и да се воздржат од опасно однесување како гледање бранови за време на тајфун“, напиша претседателот Лаи Чинг-те на својата Фејсбук страница.
Heavy rainfall from #TyphoonKongRey caused torrents of muddy water to cascade onto a road in #Hualien’s Zhuoxi Township, while a bridge in Fuli was washed away by the swollen Xiuguluan River. Both areas saw over 300mm of rain in 24 hours. pic.twitter.com/ka5avgZFDu
— Focus Taiwan (CNA English News) (@Focus_Taiwan) October 31, 2024
Синоптичарите соопштија дека откако ќе го погоди источниот брег, бурата значително ќе ослабне и ќе се упати кон Тајванскиот теснец и ги повикаа жителите ширум островот да останат дома поради ризикот од силни ветрови.
🚨🇹🇼 LATEST: TYPHOON KANGRUI OCTOBER 31 #KongRey
Taiwan on High Alert
cities suspend work and classes due to strong winds and heavy rains.
Typhoon Latest: #TyphoonKongRey
– Located northeast of Eluanbi, moving northwest
– Expected to make landfall this afternoon
– Entire… pic.twitter.com/sFMIB43QLW— Coach Climate of X 🌊 (@coachclimateofx) October 31, 2024