петок, 25 октомври 2024

Си-ен-ен: Роман Абрамович и Хилари Клинтон учествувале во преговорите за ослободување на Навални

Разговорите за размена на затвореници во повеќе земји, што вклучуваше можно ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, беа во тек кога тој почина во затвор минатиот месец, изјавија повеќе извори за Си-ен-ен, наведувајќи дека рускиот олигарх Роман Абрамович бил директно вклучен во преговорите.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Изворите забележаа дека двегодишните преговори за ослободување на Навални почнале брзо да напредуваат кога Абрамович ја посетил Москва во последните месеци, пренесува Си-ен-ен.

Предлогот сè уште беше во неформална фаза и се чини дека договорот за ослободување на Навални не беше неизбежен, велат изворите.

Во почетокот на преговорите за ослободување на Навални учествуваше и поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон, соопштија повеќе извори.

Абрамович, кој е санкциониран од Западот и голем дел од своето време поминува во Обединетите Арапски Емирати, се сретнал со Хилари Клинтон кога биле формирани идеите за комплексната размена во која учествувале дури седум лица, изјави добро информиран извор.

Рускиот олигарх одржува врски со Кремљ од почетокот на руската инвазија на Украина и беше клучен во раните напори да се преговара за крај на конфликтот.

Независните руски медиуми објавија дека Абрамович се сретнал со рускиот претседател Владимир Путин неколку часа пред затворските власти да објават дека Навални починал во казнена колонија во Сибир на 16 февруари.

Соработничката на Навални, Марија Певчик, набргу по неговата смрт изјави дека Абрамович се приклучил на преговорите и дека „до Кремљ доставил предлог за размена на Навални“.

Певчик изјави дека Абрамович дејствувал како „неформален преговарач во комуникацијата со американските и европските претставници“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да одговори на прашањата на новинарите за вмешаноста на Абрамович во преговорите за размена на Навални.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ