сабота, 19 октомври 2024

Си Џинпинг во посета на Виетнам

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска пристигна во дводневна посета на Виетнам, со цел да се спротивстави на растечкото влијание на САД во таа земја од Југоисточна Азија. Си Џинпинг „пристигна со специјален авион напладне по локално време во Ханој и ја започна својата државна посета“, објави ЦЦТВ.

Објавено на

часот

Сподели

Си ќе се сретне со лидерот на владејачката Комунистичка партија на Виетнам Нгујен Фу Чонг кој ги зајакна дипломатските односи на земјата со Вашингтон за време на посетата на американскиот претседател Џозеф Бајден во септември.

Посетата на Бајден беше дел од американската кампања во светот против растечката економска моќ на Кина, а со цел да се обезбеди снабдување со материјали потребни за американската високотехнолошка индустрија.

Ова е прва посета на кинескиот претседател на Виетнам по шест години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ