сабота, 19 октомври 2024

Си Џинпинг ја потврди намерата на Кина да ја зајакне стратешката соработка со Белорусија (ВИДЕО)

Кина е подготвена да продолжи да ја зајакнува својата стратешка соработка со Белорусија, изјави денеска кинескиот претседател Си Џинпинг по средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Објавено на

часот

Сподели

Во извештајот на официјалната кинеска новинска агенција Синхуа се вели дека претседателот Си исто така рекол дека Кина е подготвена да ја подобри координацијата и соработката со Белорусија во мултилатералните механизми како што се Обединетите нации (ОН) и Шангајската организација за соработка, пренесува Ројтерс.

Си му рекол на Лукашенко дека двете земји треба да го подобрат и олеснат прекуграничниот транспорт, да ги промовираат економските и трговските врски и да негуваат професионални размени.

Кинескиот лидер исто така посочи дека Кина и Белорусија треба да спроведат проекти како што е кинеско-белорускиот индустриски парк и да ја промовираат индустриската соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ