петок, 25 октомври 2024

Шведски„грипени“ полетале поради руски авион неколку часа по кревањето на знамето во НАТО

Само неколку часа откако шведското знаме во понеделникот беше кренато пред седиштето на НАТО за да се одбележи нејзиното пристапување во воениот пакт, нејзини борбени авиони летнале во рамки на системот за брза реакција над Балтичко Море.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во понеделникот наутро сојузничките радари откриле неидентификуван и непријавен авион над Балтичко Море кој патувал од Калининград кон Русија. Контролорите на НАТО во Центарот за комбинирани воздушни операции во Уедем во Германија го координирале полетувањето на шведските борбени авиони ЈАС-39 „грипен“, како и белгиски борбени авиони Ф-16АМ од аеродромот Шиаулиаи во Литванија.

Авионите на НАТО визуелно го идентификувале непознатиот авион како руски транспортен авион тупољев Ту-134. Подоцна истиот ден уште еден авион бил забележан над Балтикот. Германија испратила свои „јурофајтери“, а Шведска повторно испратила „грипени“ како поддршка.

Сојузничката воздушна команда на НАТО мисијата ја опишала како „импресивна демонстрација на длабоката интеграција која шведските воздухопловни сили ја постигнаа со силите на НАТО во поддршката на одбраната на НАТО над Балтичко Море“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ