петок, 18 октомври 2024

Шведска преполовена за ЕП во Србија

Објавено на

часот

Сподели

Првиот наш противник Шведска, со која играме на 15-ти овој месец, има сериозни проблеми во играчкиот кадар за претстојниот континентален собир, затоа што два од трите најдобри стрелци нема да допатуваат во Ниш, а неизвесен е и моторот на селекцијата Далибор Додер.

Јонас Камлан и Оскар Карлен се играчите, кои поради повреди нема да играат, а на последното СП беа меѓу тројцата најдобри стрелци на „викинзите“. Додер, пак, е неизвесен поради фактот што неговата сопруга и новороденчето сѐ уште се во болница.

Според информациите од Шведска, тој во консултација со стручниот штаб треба да реши дали ќе патува во Ниш, а скандинавските медиуми по овие информации, не им даваат преголеми шанси за успешен настап на Швеѓаните на претстојното ЕП, за разлика од ланското четврто место на СП. Од селекцијата на Шведска недостига и левиот бек Екдал ду Риц.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ