сабота, 19 октомври 2024

Шведска најави пакет воена помош за Украина, ќе испрати муниција и резервни делови

Шведска ќе ѝ испрати на Украина нов пакет воена поддршка во вредност од 2,2 милијарди круни (199 милиони долари), кој главно се состои од муниција и резервни делови за претходно донирани системи, изјави денеска министерот за одбрана Пал Џонсон.

Објавено на

часот

Сподели

Новиот пакет воена помош за Украина ќе биде 14-ти од почетокот на војната, со што вкупната вредност на помошта од оваа нордиска земја ќе достигне нешто повеќе од 22 милијарди круни.

Џонсон на прес-конференција рече дека владата и формално ги задолжила вооружените сили да анализираат дали Шведска ќе може да испрати борбени авиони Јас Грипен во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ