петок, 25 октомври 2024

Шведска ќе дозволи трупи, но не и постојани бази на НАТО на своја територија

Трупи на НАТО ќе дејствуваат во Шведска, но државата не сака постојани бази на Алијансата на својата територија, кажа шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шведското национално знаме беше кренато денес во седиштето на НАТО.

Билстром потсети дека Шведска и пред членството учествуваше во заеднички акции со НАТО.

„Нормално, во Шведска ќе има трупи на НАТО. Но ние не сакаме постојани НАТО бази“, порача Билстром.

Тој наведе дека Шведска во принцип нема проблем со испраќање трупи кај другите сојузници и дека се спремаат да испратат механизиран баталјон во Летонија.

Белстром, зборувајќи за распоредување на нуклеарно оружје, кажа дека не гледа никаква причина да има нуклеарно оружје на шведска територија во мирнодопско време.

Порача дека Шведска во врска со тоа ќе го следи патот на Норвешка и Данска.

„Мислам дека е важно да се истакне дека само три земји во НАТО имаат нуклеарно оружје – Соединетите Американски Држави, Британија и Франција, и дека нуклеарно оружје не било распоредено на територија на ниедна членка од крајот на Студената војна“, додаде Билстром.

Тој истакна дека ниедна членка не е обврзана да поседува нуклеарно оружје против своја волја.

„Затоа сметам дека ова прашање е малку преувеличено“, наведе шведскиот министер.

Тој истакна и дека се свесни дека нуклеарното оружје претставува дел од доктрината на одбраната и одвраќањето на НАТО.

„Влеговме во НАТО без какви било предуслови по ова прашање“, кажа Билстром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ