понеделник, 21 октомври 2024

Шведска издаде налог за протерување на демонстрантот кој го запали Куранот. Тој вели: Не одам никаде

Шведска ја повлече дозволата за престој на Ирачанецот кој оваа година организираше низа јавни сквернавење на Куранот, но ја стави неговата депортација во мирување, велејќи дека неговиот живот ќе биде во опасност доколку биде вратен во Ирак, пренесе АП.

Објавено на

часот

Сподели

Шведската агенција за миграција ја донесе одлуката оваа недела откако утврди дека Салван Момика дал лажни информации во неговото барање за азил, објави во четвртокот шведската телевизија ТВ4.

Шведска го подигна нивото на опасност од тероризам на второто највисоко ниво во август и предупреди на зголемен број на заканите за Швеѓаните дома и во странство, откако палењето на Куранот ги налути муслиманите и предизвика џихадистички закани.

Неколку демонстрации беа предводени од Салван Момика, ирачки бегалец кој тврди дека сака да протестира против целата институција на исламот и да ја забрани неговата света книга.

„Вчера, Службата за миграција одлучи да му го одземе статусот и дозволата за престој и одлучи дека треба да биде депортиран“, изјави портпаролот на службата за Ројтерс.

Според него, причината е тоа што мажот дал лажни податоци во пријавата за престој.

Сепак, портпаролот рече дека Шведска не може да ја спроведе наредбата за депортација бидејќи мажот ризикува мачење и нехумано постапување доколку биде испратен во Ирак. Доколку ситуацијата се промени, човекот ќе биде депортиран, додаде тој.

Во јули, Службата за миграција објави дека спроведува ревизија на дозволите за престој на Ирачаните.

„Не ја напуштам Шведска. Ќе живеам и ќе умрам во Шведска. Шведската миграциска служба направи сериозна грешка. Се сомневам дека зад оваа одлука стојат скриени политички мотиви. Ќе се жалам“, изјави Момика за шведската јавна телевизија СВТ.

Антиисламски активисти запалија неколку копии на Куранот во Шведска и Данска, некои од најлибералните земји во светот кои дозволуваат остра критика на религијата во име на слободата на говорот. Сепак, многу муслимани сметаат дека сквернавењето на Куранот е тешка навреда.

Вооружен маж од Тунис минатата недела уби двајца шведски фудбалски навивачи во Брисел во напад за кој шведскиот премиер рече дека покажува дека Европа мора да ја зајакне безбедноста за да се заштити. Напаѓачот се изјасни за припадник на Исламската држава и ја презеде одговорноста за нападот во видео објавено на интернет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ