сабота, 19 октомври 2024

Швајцарија одби да продаде тенкови леопард 1 затоа што ќе завршат во Украина

Објавено на

часот

Сподели

„Концернот Рајнметал подготвува уште еден контингент борбени тенкови за извоз во Украина. За таа цел компанијата набави 50 тенкови леопард 1 од белгиската компанија ОИП Ланд системс“, пишува весникот повикувајќи се на извори во германскиот воено-индустриски комплекс.

Од 50 тенкови, концернот има намера да испорача 30 во Украина, се прецизира во написот.

Рајнметал првично имал намера да ги купи од Швајцарија, која, повикувајќи се на својата неутралност, одбила да го стори тоа, пишува весникот. Белгиските медиуми претходно објавија за оваа трансакција без да го наведат купувачот.

Леопард 1 – главниот борбен тенк, произведен во Германија од 1965 до 1984 година, до средината на 1980-тите беше во служба на Бундесверот, како и на армиите на Холандија, Белгија, Норвешка, Данска, Австралија и Италија. Во јули беше објавено дека Рајнметал во следните три месеци ќе отвори фабрика во Украина за производство и поправка на оклопни возила.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ