сабота, 13 јули 2024

Шпигл: Путин, за жал, беше во право

Рускиот претседател Владимир Путин беше во право кога кажа дека Русија зајакнала по почетокот на војната во Украина, наведува колумнистка на германскиот весник Шпигл.

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот Путин вели дека неговата земја станала посилна по испраќањето трупи во Украина. За жал, тој е во право“, оценува германската новинарка Ен Дорит Бој.

Таа потсетува на зборовите на рускиот претседател од минатата година, дека „специјалната воена операција“, како што во Русија се нарекува војната во Украина, оди по планот, но дека многумина не веруваа, туку очекуваа Руската Федерација да се распадне.

„Денес мораме да признаеме дека на Русија ѝ оди добро и дека Украина стравува од руска офанзива. Освен тоа, рускиот лидер е задоволен од резултатите и покажува самодоверба. Путин, според актуелната позиција, излегува како победник на бојното поле“, оценува германската новинарка.

Освен тоа, колумнистката на Шпигл истакнува дека, наспроти очекувањата на Западот, руската економија не пропадна под притисокот на санкциите и дури покажува знаци на раст.

„Економската политика во краток, а веројатно и во среден рок, ќе доведе до раст, кој на крајот ќе им донесе корист на Русите. Невработеноста е ниска. Руската градежна индустрија дури поставува рекорди, а Путин е задоволен затоа што Русија го врати својот суверенитет како глобална сила“, заклучува германската новинарка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ