петок, 25 октомври 2024

Шпанскиот премиер ги помилува каталонските сепаратисти во замена за поддршка за втор мандат

Социјалистичката партија на премиерот Педро Санчез, која ја предводи малцинската левичарска коалициска влада, постигна конечен договор со каталонските партии, кои се залагаат за независност, да ги помилува сепаратистичките лидери во замена за нивна поддршка во парламентот за Санчез да остане на власт до крајот на својот втор мандат во 2027.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„(Денес) е голем ден бидејќи законот за амнестија става точка на репресијата и почеток е на крајот на кошмарот кој значеше затвор, прогон и закана за стотици луѓе поради одбраната на целта каталонска независност“, истакна каталонскиот сепаратистички претседател Пере Арагонес.

Се наведува дека според договорот, шпанската влада ќе им даде помилување на каталонските сепаратисти кои се обвинети за бунт и терористички злосторства поради нивната улога во незаконскиот референдум за независност на Каталонија одржан во 2017 година и подоцнежните протести.

Во замена за амнестијата, двете главни каталонски партии, десничарската Јунтс и нејзиниот левичарски ривал ЕРЦ, ќе ја поддржат кандидатурата на Санчез за уште еден четиригодишен мандат и ќе ѝ ги дадат на Социјалистичката партија потребните гласови за мнозинство во парламентот.

Поранешниот претседател на Каталонија и лидер на Јунтс Карлес Пучдемон, кој живее во самонаметнат егзил во Белгија откако тој и стотици други обвинети за водење на движењето за независност, одби да го поддржи Санчез без „сеопфатна амнестија“ кој ги вклучува „сите лица поврзани со процесот за независност“ и „целосно во согласност со уставот, правото и јуриспруденцијата на ЕУ и најдобрите европски и меѓународни стандарди“, се наведува во денешното заедничко соопштение на овие партии.

Санчез долго инсистираше на помилување на сепаратистите, со тврдење дека тоа е единствениот начин Шпанија да продолжи понатаму. Лидерот на конзервативната опозициска Народна партија Алберто Нуњез Фејо, денес го окарактеризира овој договор како скандалозен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ