петок, 25 октомври 2024

Шпанска блогерска двојка која патува низ светот нападната во Индија: Седуммина ме силуваа (ВИДЕО)

Шпанската блогерска двојка Винсенте и Фернанда, кои патувале со мотоцикл миз Индија, објавија на социјалните мрежи дека ги нападнала група мажи кои ја силувале Фернанда.

Фото: Инстаграм

Објавено на

часот

Сподели

Тие објавија снимка на 1 март на кое се гледа дека имаат отоци и модринки по лицата, и дека двајцата се потресени. На шпанските медиуми им кажале дека биле нападнати во квартот Думка во индиската држава Јаркунд, популарна туристичка дестинација.

Таму застанале на пат за Непал за да се одморат. Поставиле шатор во близина на локален пазар и заспале. Набрзо потоа во шаторот упаднале седум момчиња кои ги нападнале.

„Седум мажи ме силуваа. Нè претепаа и не ограбија, иако не земаа многу работи бидејќи намерата им беше да ме силуваат“, вели Фернанда во видеото додавајќи дека се заканувале дека ќе ги убијат.

„Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и кажаа дека ќе ме убијат. Фернанда беше силувана. Од седум луѓе. Кучкини синови“, кажува Винсенте на снимката.

Полицијата соопшти дека уапсила четворица мажи, а дека по тројца се трага. Нивните идентитети не се објавени, но обвинети се дека ја претепале Фернанда. Силувањето не се спомнува.

Би-би-си ја контактирале и бразилската амбасада во Индија, бидејќи Фернанда има двојно бразилско-шпанско државјанство, и им потврдиле дека таа и Винсинте се жртви на тежок напад. Винсенте и Фернанда на социјалните мрежи се познати по својот канал Околу светот на мотоцикл (Vuelta Al Mundo En Moto) и досега пропатувале низ повеќе од шеесет земји откако тргнале на пат околу светот од Барселона пред пет години.

На своите мотоцикли минале 170.000 километри. Амбасадори се на мотоциклите КТМ, а на Инстаграм имаат над 122.000 следачи каде ги документираат своите патувања.

Индија има огромен проблем со силувањата. Десетици илјади силувања се пријавуваат секоја година, а активистите за заштита на жените истакнуваат дека решение за проблемот нема ни на повидок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ