сабота, 13 јули 2024
Лига на нации

Шпанија со гол во финишот ја победи Италија за пласман во финалето од Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од пред две години во Торино, кога Италијанците бркаа 0-2, па со доцен гол имаа неуспешен камбек, овој пат беше поинтересно од резултатски аспект, бидејќи, речиси, до крајот изгледаше дека ќе има продолженија.

Дилемите ги тргна Хоселу со погодок во 87. минута за водство на Шпанија од 2-1, што значеше и конечна победа. Тоа беше негов трет гол во само третиот репрезентативен настап, а има 33 години. Претходно, Шпанците поведоа уште во третата, благодарение на една грешка на Леонардо Бонучи, но осум минути подоцна Чиро Имобиле изедначи од пенал.

Италија беше подобар противник до крајот на полувремето, имаше и еден постигнат гол на Фратези за 2-1, сепак, беше поништен поради мал офсајд. Во вториот дел „аѕурите“ паѓаа во темпото, а Шпанија ја материјализира контролата на мечот.

Во финалето, в недела од 20.45, Шпанија ќе се соочи со Хрватска, која синоќа во своето полуфинале беше подобра од Холандија со 4-2 по продолженија (2-2). Фуријата ќе се обиде да го освои тоа што ѝ побегна пред две години во Милано, кога во финалето беше совладана од Франција со 1-2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ