вторник, 22 октомври 2024

Шпанија ја надигра Италија за прво место во групата и пласман во нок-аут фазатa

Шпанија го доби дербито против Италија, автоголот на Калафиори и донесе победа на „црвената-фурија“ и пласман во нок-аут фазата.

Објавено на

часот

Сподели

Шпанија е втората репрезентација која обезбеди пласман во нок-аут фазата, избраниците на Де ла Фуенте вечерва ја победија Италија со 1-0 и го обезбедија првото место во Групата Б.

„Црвената-фурија“ ги надигра „аѕурите“, но до победата стигна со автоголот на Калафиори, кои по десет минути игра во второто полувреме, реагираше неспретно на една остра топка во петерецот и ја загресе сопствената мрежа.

Победата на Шпанија можеше да биде и поубедлива, Нико Вилијамс ја погоди пречката, а Перез во финишот имаше две шанси, но Донарума му одбрани во двата наврати.

Италија прикажа премалку во нападот, избраниците на Спалети упатија само еден удар во рамките на голот во 90 минути.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ