недела, 14 јули 2024

Шолц планира да разговара по телефон со Путин и да го повика да ги повлече трупите од Украина

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на конвенцијата на германската протестантска црква во Нирнберг, Шолц рече дека во минатото разговарал со Путин по телефон.

„Планирам набргу да го повторам тоа“, додаде канцеларот.

Путин изјави во петокот дека големата контраофанзива, која Украина ја подготвува со месеци, „почнала“ на фронтот, но дека силите на Киев не успеале да ги „постигнат целите“. 

„Можеме со сигурност да кажеме дека офанзивата почна, за што сведочи употребата на украинските стратешки резерви“, кажа Путин во видеоснимката што ја емитуваше на Телеграм известувачот на руската јавна телевизија. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ